Салата од моркови и портокал
Едноставно кажано портокалова салата од секој аспект, и за око и на вкус, а богами и мирис. Убава и освежителна салата која е одлично витаминско надополнување во тмурните зимски денови…
- 3-4 моркови
- 1 портокал
- 2 лажици семки од тиква
- 3 лажици семки од сончоглед
- 1 лажица мелен ким
- 1 лажица коријандер
- сол и бибер
- Прелив:
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици јаболков оцет
- неколку листови сушено нане
1. Морковите се рендаат крупно, се ренда и кората од портокалот и се цеди сок од портокал во сад настрана.
2. Се мешаат морковите со семките и зачините и се прави прелив од наведените состојки.
3. Салатата од морков се прелива и убаво е промешува да се распоредат вкусовите.
П.с. Може да отстои во фрижидер и до 3 дена. Добар апетит.