Да му помогнеме на Горазд повторно да качува

Многу ми е жал за следното што ќе објавам, ама така стојат работите треба да се соочиме и да помогнеме.

Вие што подолг период се занимавате со спортско качување веројатно го познавате Горазд, член на СКК Вертикал. Исто така беше и дел од македонската качувачка репрезентација и ја претставуваше Македонија на повеќе меѓународни натпревари. Пред две недели Горазд беше примен во болница во Марибор каде што му беше пронајден агресивен тумор на долниот дел на фемур коската каде што се спојува со коленото. Ваквиот тип на тумор е редок и агресивен.

Во понеделник на 16ти Ноември тој ќе биде префрлен во болница во Љубљана каде ќе му биде извршена биопсија и ќе почне со хемотераписки третмани. Потребни се средства за лекување за кои се надевам дека барем еден дел ќе можиме ние да му ги обезбедиме.

На 21ри Ноември (променето поради прогноза) ќе се одржи болдер маратон во с.Манастир, Мариово. Планот е да маратонот биде од хуманитарен карактер, т.е. средствата собрани да одат за неговото лекување. Котизацијата ќе биде 200 денари. Доколку некој е во можност да придонеси со плус средства, тоа ќе може да го направи во било кое време на маратонот кај организаторот.
Правилата на маратонот се следните:
Категорија со тежина на болдери до 6c.
Категорија со тежина на болдери од 6c+ па нагоре.

Победници ќе бидат оние кои што ќе качат најмногу во нивната категорија.
Времето на почетокот на маратонот ќе биди објавено понатаму. Ако имате било какво прашање, слободно обратете се кај мене.

Се надевам ќе нè има во голем број, фала ви однапред на сите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија