,,Универзалци” со одличен настап во Тетово
Боксерскиот клуб ,,Универзалци” настапи на меѓународниот спектакл во Тетово со двајцата млади боксери: Марко Стојаноски и Благоја Давитковски.
Марко Стојаноски се закити со златниот медал додека Давитковски ја испушти шансата за победата и злато, но сепак тренерот Васко Цубалевски е задоволен со неговиот успех и квалификацијата во финалето освојувајќи го сребрениот медал. Цубалевски најави дека ,,Универзалци” и во иднина ќе атакуваат на меѓународните и домашни турнири.
Покрај значителниот успех на младите ,,Универзалци” на Марко Стојаноски му беше врачен и пехар за најдобар млад талентиран боксер и покажан фер плеј.