Рибешко: свежо vs. конзервирано

Иако секогаш се сложуваме дека свежо си е свежо, сепак и конзервираната риба може да има свои предности. Прочитајте кои се главните разлики меѓу двете…

Прва и главна разлика е тоа што конзервирата риба има подолг век на траење, но и далеку повеќе сол за разлика од свежата риба, каде количината на натриум директно зависи од вашиот вкус.

Сепак најчесто рибата од конзерва е дива риба, а свежата е риба од фарма. Фармерски одгледаната риба често е загадена со разни загадувачи и хранета со додатоци во исхраната. Рибата во конзерва, иако можеби ловена на отворено море, содржи жива, особено големите парчиња како што е туната.

Конзервираните сардини и сличните ситни видови може да се сместат во побезбедна опција, за разлика од крупната риба бидејќи се на дното од синџирот на исхрана и содржат занемарливи количини на жива, а изобилуваат со калциум и омега 3 масни киселини.

Друг проблем за некого може да преставува маслото во кое е конзервирана рибата. Од тој аспект рибата во конзерва е потешка на калории за разлика од свежата риба. 100 грама сардини во масло имаат околку 200 калории, а истата маса свежа риба има дупло помалку калории.

Сепак во однос на протеини и јаглехидрати ќе наидете на речиси идентични бројки. Доколку калориите не ви преставуваат проблем, попријателски настроена за домашниот буџет е секако конзервираната опција.

Рибата е огромен извор на омега 3 масни киселини, минерали и протеини и треба да се најде на вашата трпеза барем еднаш неделно, а дали ќе одберете конзервирана или свежа оставаме на вашиот вкус.

Наш предлог за двете страни: СЕНДВИЧ СО САРДИНИ или ЛОСОС СО БРОКУЛА. Вие избирате…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија