Се одржа меморијалниот ориентационен натпревар „Пеце Атанасоски”
Од 9ти до 11ти октомври во Прилеп, во организација на Ориентациониот Клуб „Златоврв” се одржа меморијалниот Ориентационен Натпревар „Пеце Атанасоски”.
На програмата имаше 3 трки.
-Петокот на 09.10 со почеток во 15:00ч се одржа спринт трка на мапа од Варош а додека во Саботата и Неделата на 10 и 11.10 со почеток во 10:00ч се одржа средна дистанца на мапи од Прилепско езеро со реонот на Камена Баба.
На овој натпревар учествуваат натпреварувачи од: Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Русија, Србија и Швајцарија.