Курсеви по мечување за лица со Даунов синдром

Мечувалечкиот клуб Ескрим Скопје ја продолжи својата работа со лица со Даунов синдром. Часовите се одржуваат секој четврток од 18:30-19:30 часот во салата Борис Трајковски. Одлична иницијатива која треба да се поодржи во секој поглед бидејќи курсовите се без чланарина и надомест. Салата ја обезбеди Лионс Клуб Кале а инструктори се Билјана Кузмановска и Зоран Стојановиќ.

Освен мечувањето на часовите се изведуваат комплекси на вежби кои ја подобруваат моториката, координацијата, концентрацијата и социјалната интелегенција на овие лица, со што се допринесува за нивно полесно интегрирање и подобар квалитет на живот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија