Што ако медот е исто толку штетен колку и шеќерот?

Ако медот е хемиски составен од моно и дисахариди односно од исти молекули како и белиот шеќер, тогаш зошто тој да биде поздрав од рафинираниот шеќер? Токму ова го велат научниците, тој го има истиот штетен ефект доколку се претера со неговата консумација. 

Иако најголемиот дел од нас го сметаат медот за далеку поздрава алтернатива од рафинираните шеќери, скорешна студија која има искочено во Journal of Nutrition вели дека ефектот од овој продукт врз нашиот организам е исто толку штетен колку и празните шеќери. 

Тргнувајќи од широко распоространетото убедување дека медот е поздравата варијанта, научниците се решиле да направат едно испитување за одредување на ефектот на медот врз телото оглед на тоа што и медот и шеќерот во онаа стандардна кристална форма се хемиски многу многу слични, дури идентични. 

Во студијата, 55 волонтери биле поделени во три различни групи кои на ден консумирале поединечна доза од 50 грама на мед, бел шеќер и фруктозен сируп од пченка (нешто што се смета за врвот на злото во прехрамбената индустрија заедно со транс-мастите). 

На крајот од студијата резултатите од сите три групи биле идентични. Нивото на триглицериди, липидна материја која ги зголемува шансите за кардиоваскуларни заболувања биле покачени. Научниците велат дека главниот проблем со овие производи е нивната висока калоричност без разлика на пакувањето па затоа треба да се внимава и да се ограничи нивниот внес во текот на денот. 

Сепак, природниот мед содржи мали количини на микроелементи како минерали, витамини и антиоксидански што го прави дефинитивно поздрава варијанта од рафинираните шеќери, но сите ние треба да внимаваме кога го користиме како засладувач и замена за белиот шеќер.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија