Мезе салата со никулци
Вкусна салата за која вреди да се почекаат никулците да из’ртат…
- 1 кесичка никулци
- 2 големи лажици урда
- 1 голема лажица маслиново
- неколку ливчиња босилек
1. Никулците се ’ртат според упатството на производителот или генералните правила за ’ртење може да ги прочитате тука.
2. Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад , се зачинува според вкус и се добива вкусна салатка која може да ја консумирате како додаток на главното јадење или меѓу оброци како ужинка.
3. Оваа салатка изобилува со протеини и витамини бидејќи никулците претставуваат мали нутритивни бомби со сите потребни микро и макро елементи.