Тренинг со живата легенда Масао Кагава

На семинарот организиран од карате тренерот Живко Дракуловски беше присутен Масао Кагава, навистина жива легенда во каратето, тренер на Јапонската репрезентација и навистина почитувам лик во каратето (шотокан стил). Имав можност да присуствувам на еден тренинг и навистина има што да се научи од тој човек. 

6 дневениот семинар се одржа во летното одморалиште Орце Николов и ова беше прв семинав на Кагава одржан во Македонија. На самиот семинар се одржаа вкупно осум тренинзи од кои 4 беа за базична техника, кихом и обработка на натпреврувачки кати, а во другите 4 беа резервирани за борбени техники применливи во спортското карате. Семинарот беше од интернационален карактер каде дојдоа тренери и натпреварувачи од соседните земји. Сметам дека ова беше семинар од огромен бенефит на сите кои имаа шанса да земат учество на истиот