#МТДФЕ2015

Ги испративме нашите претставници на #МТДФЕ 2015

Слободан Трајковски и Теодор Неделковски вчера во приквечерието заминаа на нивното полумесечно патување за француските Алпи каде ќе го возат петтото издание на Македонската Тур де Франс Ексепедиција. 

Од Скопје тие се упатуваат најпрво кон Милано, па наредниот ден во Торино каде ќе ги „запалат” нивните велосипеди и ќе ја започнат овогодинашната 14-дневна авантура наречена – Македонска Тур де Франс Експедиција.

Планот е да се поминат над 1000 километри низ повеќе познати планински превои и да се присуствува на 4 исклучително интересни Тур де Франс етапи, каде дуото ќе биде присутно на финишите и можеби сите ние ќе имаме можност да ги видиме пред малите екрани. Доколку сè оди по план, закажано е нивно присуство на 16, 18, 19 и 20-та етапа односно од 20 до 25 јули.

Во текот на овој период тие ќе испраќаат редовни пораки и информации за течението на експедицијата кои ќе ги објавуваме на нашиот портал. Хаштагот е МТДФЕ.

Еве што точно ги очекува нашите авантуристи оваа година

Route 3,097,885 – powered by www.bikemap.net

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија