Индиските ореви предизвикуваат насмевки!

Велат дека многу убави емоции доаѓаат преку стомакот, а дека тоа е така постои и научно објаснување.

Две раце индиски ореви на ден се терапевтски еквивалент на антидепресивната терапија. Што е тоа што го прави ова јаткасто овошје да го подобрува расположението?

Л-триптофан е есенцијална аминокиселина која ја внеуваме преку исхраната, а количината на оваа аминокиелина директно ја диктира продукцијата на серототнин – хормонот на среќата. Зголемените количини на серотонин, кој делува како неуротрансмитер во ЦНС, може да ги намалат симптомите на депресија и да предизвикаат насмевки! 🙂

Индиските ореви содржат големи количини од оваа аминокиселина, заедно со витамин Б6 и магнезиум, каде секој од нив има позитивен ефект врз расположението.


ЧОКОЛАДНА КРИЗА?


Во неколку шаки индиски ореви ќе добиете околу 1000-2000 мг триптофан, а други намирници кои изобилуваат со оваа аминокиселина се и семките од сончоглед и тиква, бананата, сусамот и таанот, мисиркиното месо и тофуто.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија