Судиски критериуми во IFBB категории

Претседателот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата и воедно меѓународен судија Бобан Ѓороски во својот ФБ пост детално ги објаснува категоризациите во овој спорт кои имаат за цел да ја зголемат натпреварувачката популарноста на овој спорт.

Последните 15 години фитнес индустријата вртоглаво отиде напред. Се создадоа компании кои направија лепеза на различни справи за вежбање, суплеметацијата се рашири во голем размер и се појавија голем број на различни компании и производи се со цел да се привлече поголем број на луѓе кои ќе бидат дел од ново отворените теретани кои започнаа да работат на простор од по 1000 метри квадратни и по 24 часа дневно.

Во тој период, оној стандарден бодибилдинг истотака напредуваше. Но, тој во својот напредок премногу се издеформира и изобличи. Машкиот и женскиот бодибилдинг го достигна својот лимит на ненормални и не хумани граници. Повеќе не беше вкусен за следење за пошироката јавност, што само по себе значеше назадување. И наместо од полните теретани на сцена да се зголеми бојот на спортистите, натпреарувачи имаше се помалку. Со цел да се направат позитивни измени, се додадоа неколку нови категории, кои има за цел да го стопираат ненормалното напредување на екстремниот бодибилдинг кој ја изгуби сета убавина, а да се привлечат нови луѓе кои ќе станат дел од ова семејство.
Па така, женскиот стандарден бодибилдинг кој изгуби на убавина и женственост, умре. На негово место дојдоа нови 4 категории кои со сигурност ги вратија девојките назад на сцена. Сите 4 категории се по правилниците сосема различни. Па, да одиме по ред.

Бикини-Фитнес

Категорија која привлече најголем број на девојки на сцена. Категорија во која тие се препознаа, Категорија која во моментов е најексполатирана од страна на сите индустрии каде е потребно женско, секси тело, тонирано со убава доза на мускули.
Што е тоа што кај оваа категорија, според правилникот се оценува од страна на судиите, а се бара од самите натпреварувачки?

Во сите правилници клучен збор е, целосен пакет. Како изгледа тој целосен пакет и што тој бара од индивидуата?
Натпреварувачот треба да го краси убаво лице, фризура, презентацијата да му биде сигурна, со самодоверба, да знае да го прикаже тоа што го носи на сцена во најдобро светло од нејзиното почетно појавување на сцена, до самото напуштање на сцената. Движењата треба да бидат сигурни, женствени.
Кај оваа категорија кога станува збор за изгледот на телото, прецизно е опишано дека тоа треба да биде обликувано и видливо дека е резултат на тежински тренинг и правилен начин на исхрана: облини кои ги даваат мускулите; V форма која подразбира широки рамења, тесен струк и колкови, заоблен и затегнат задник и цврсти и вретенсти нозе; да нема телесни маснотии и целулит: мускулните партии да се наѕираат но слободно можат да имаат мек изглед: воопшто не е дозволено да се има тврда мускулатура, остра дефиниција, сув изглед на дехидрираност или попречни мускули; мора да се разликува од категоријата која е над неа, а тоа е Боди-Фитнес категорија; убава и здрав изглед на кожата.

Боди-Фитнес

Во оваа категорија, севкупната презентација е иста како и во предходната; Натпреварувачот треба да го краси убаво лице, фризура, презентацијата да му биде сигурна, со самодоверба, да знае да го прикаже тоа што го носи на сцена во најдобро светло од нејзиното почетно појавување на сцена, до самото напуштање на сцената. Движењата треба да бидат сигурни, женствени.
Разликата овде е во тоа што овде мускулната маса е за нијанса поголема од предходната категорија; изразеноста на мускулите е за нијанса поизразена од предходната категорија; дозволен е потврд изглед, со мала нијасна на мекост и мал слој на покривност на мускулите, меѓутоа Не смее да се има голема мускулетост, тврда и длабока сепарација, сув и дехидриран изглед кој причинува и појава на остра дефиниција или појава на попречна дефиниција и сепарација и венозност (васкуларност). Мора да се разликува од категоријата Физик.

На прикажаните фотографии убаво се гледа разликата во сите 4 женски категории.

Физик Мажи

Исто и кај оваа категорија не е дозволено и се казнува или со дисквалификација или со неколку позиции подоле во пласман (во зависност од степенот на мускулатурата) екстремна мускулетост, масивност, остра дефиниција и сув дехидриран изглед; Ова е категорија која целосно се разликува од Бодибилдинг категориите и не е создадена за оние билдери кои не успеале да постигнат успех во бодибилдингот, утехата да ја најдат во оваа категорија.

Бодибилдинг Мажи

Од сите погоре споменати категории, оваа категорија на нашиот простор е со нјголем стаж и е најзастапена. Но, секојпат има незадоволства кај учесниците, кои се сигурни дека некој ги оштетил во пласманот. Овде иако е најдолго затспена како категорија, за жал можам да кажам дека се прават голем број на грешки, кои чинат пласман.
Еве неколку појаснувања, со цел да се долови тоа што се бара.

Дали ако некој се појави на сцена “одран до коска” по секоја цена мора да ги победи останатите во својата категорија кои ја немаат истата дефиниција и сепарација?

НЕ! Да беше тоа вистинската формула, најдефинирианите светски билдери ќе победуваа на натпреварите на кои се појавуваа во нивно време, билдери како Рич Гаспари, Андреас Менцер и слични.

Дали ако си најмасивен на сцена со сигурност ќе ги понедиш противниците во својата категорија?

НЕ! И ова е погрешна теза, па применувајки ја истата голем број на монстроуми не успеале не само да не победат, туку ни да влезат во финале на некој поголе натпревар.

Повторно овде во преден план доаѓа она познато, целосен пакет. Што подразбира тоа?
Атлетски изглед, V облик, широки рамња, подигнат граден кош, тесен струк и колкови, цврст и затегнат стомак, цврст и затегнат задник, вретенасти нозе кои се во склоп и соодност со ширината на горниот дел на телото, срцевидни листови и здрави стапала. Сето тоа во соодветна или најсоодветна хармонија на севкупна мускулна маса, пропратено со длабока поделеност на главни мускулни партии, тврд и сув изглед, со соодветна попречна сепарација (иако не е задолжителна но е добитна комбинација ако сето погоре се поседува), здрава васкуларност, здрав изглед на кожата со убава боја.

Се надевам дека ова мало појаснување ќе ви помогне во правилен избор на соодветна категорија во која ќе се пријавите и настапите на некој од натпреварите организирани од страна на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија