Многу храбри девојчиња и жени на Женската трка 2015 (видео)

Околу 1000 жени присуствуваа на овогодишната Женска трка во Градскиот парк. Насмеани, позитивни и енергични и покрај дождливото време го истрчаа кругот од 1 километар што го означи здравото живеење и грижата што секоја жена треба да си ја подари себеси.

 

Трката беше организирана од страна на Сојузот на Спортови на Скопје, без натпреварувачки карактер, како одличен женски старт на едно неделно утро со мотото ,,Превенцијата од заболувања започнете ја со вежбање”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија