Мали виртуози на „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле”

По магливо време на падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалното четврто издание на велеслаломот за деца „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле” во организација на МК Александар и СК Љуботен.

На патеката Пионерско Брдо на Попова Шапка во сите 10 категории имаше одлични борби за првото место. Малите виртуози на скии ги заслужија сите аплаузи од публиката со оглед на густата магла која најпрво го одложи, а потоа на неколку пати го прекинуваше одвивањето на натпреварот.

На четвртото издание на велеслаломот за деца од 5 до 15 години „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле” учествуваа 84 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Косово и

Македонија, а најуспешни по категории беа:
• Снегулки – женски: Клара Сефај (Косово)
• Снегулки – машки: Лум Спахиу (Косово)
• Помлади цицибанки: Лирика Дева (Косово)
• Помлади цицибани: Клос Вокши (Косово)
• Постари цицибанки: Ивана Радовиќ (Црна Гора)
• Постари цицибани: Дрин Кокај (Косово)
• Деца 1 – женски: Мина Ковачевиќ (Црна Гора)
• Деца 1 – машки: Панче Јовановски (Македонија)
• Деца 2 – женски: Лидија Симјановска (Македонија)
• Деца 2 – машки: Виктор Петков (Македонија)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија