Алпски скијачки маркетинг (од пред еден век)

Кога ќе сфатиш дека Швајцарија годинава слави 150 години скијачка историја ќе ти стане јасно како тоа тие имале вака добро издизајнирани маркетинг постери за Цермат, Давос, Ст. Мориц и Вербие уште од тогаш.

 

Секоја година во Јужен Кенсингтон, Лондон се одржва аукцијата на која што се презентираат и пазаруваат некои од најуникатните парчиња во зимските спортови. Оваа година се одбележува 150 годишнина од скијањето во Швајцарија па затоа акцент повеќе ќе биде сетавен на маркетинг постерите од скијачката лулка како и од околните алпски земји кадешто овој спорт е исто така историја.

 

Ст. Мориц и Давос како скијачки центри за прв пат ги примија своите први гости во 1864 и 1865 година и истите без застој функционираат до ден денес. Сето ова е една голема и богата историја која е вредна за почит и пример.

Голем дел од овие постери ќе се продадат за повеќе илјадници фунти од страна на колекционерите кои имаат склоност кон зимските спортови.

 

извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија