Брускети со јапонско јаболко
И солено и слатко на едно исто парче леб, а сепак вкусовите скроени до перфекција…
- 1 јапонско јаболко
- 50 грама козјо сирење
- неколку парчиња интегрален леб
- малку маслиново масло
- ливчиња сушено нане
1. Лебот се сече на парчиња и секое парче се премачкува со по неколку капки маслиново масло.
2. Врз секое парче леб се реди сирењето, а одозгора се става по еден круг од јапонското јаболко.
3. Наросуваме сушено нане и потпекуваме во рерна на 200 степени 10-15 минути.
*Јапонското јабоко треба да биде поцврсто за да можете убаво да го исечете. Овој рецепт е измислен за да уживате во овој есенски дар додека се молиме да скапат.