Матерхорн и многу челни ламби

Група на швајцарски алпинисти по повод 150 години од првото качување на Матерхорн направија уникатно обележување на годишнината со тоа што ја осветлија првата мината рута со помош на многу челни ламби. 

Првото искачување на Матерхорн било направено на 14 јули 1865 година од страна на поголема група на алпинисти меѓу кои Едвард Вимпер, Лорд Францис Даглас, Чарлс Хадсон, Даглас Хадоу, Михаел Кроз и уште четворица водичи од Цермат. Групата успеала да се искачи до врвот преку гребенот Хорнли но на симнувањето четворица од нив, Даглас, Хадсон, Хадоу и Кроз загинуваат во несреќа. 

Матерхорн бил последен од повисоките врвови на Алпите кои бил искачен во овој период, а идната година се прославуваат 150 години од овој трагичен, но воедно и многу важен настан. Тим на повеќе алпинисти од швајцарскиот бренд Мамут направија интересно одбележување на оваа годишнина, поставувајќи повеќе црвени челни ламби по гребенот и осветлувајќи ја рутата по која се качила првата алпинистичка група. 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија