Зошто Фелпс гo откачи Спидо?

Наместо да потпише нов милионски спонзорски договор со Спидо пливачката ѕвезда Мајкл Фелпс по неговиот камбек потпишува со целосно непознатиот италијански бренд Aqua Sphere. Истото што го направи Џордан во 84` кога потпиша за тогаш малиот „Најк“. 

 

Со 22 олимписки медали зад неговото име, Американецот Мајкл Фелпс е еден од најпознатите имиња во пливањето кое со себе повлекува големи спонзорства. До неговото „пензионирање“ тој беше константно поврзан со гигантот за пливачка опрема Спидо, компанијата од која преку спонзорските договори Фелпс добиваше милиони на неговото конто.

По неговото кратко повлекување од пливањето, оваа година тој решава да направи камбек на сцената, а како негов спонзор тој го одбира малиот италијански бренд за пливачка опрема Aqua Sphere, скоро и непозната компанија која допрва ќе го дизајнира својот прв пливачки костум.

Причината поради која Фелпс и неговиот тренер Боб Боуман потпишуваат со првачето на ова поле со сигурност не се парите туку размислувањето на долгорочен план и градењето на една нова икона.

Имено, со потпишувањето на договор со големите компании субјектот односно спортистот често пати e целосно обврзан за брендот и нема никакви права во донесувањето на некакви дизајнерски одлуки.

Токму затоа, Фелпс и неговиот тренер се одлучуваат за договор со многу помала и нова компанија како Aqua Sphere која што во договорт ќе му отвори можности на пливачката икона да вмеша прсти и да создаде уникатен бренд кој ќе остави некаков белег во пливачката историја.

Истото што и Мајкл Џордан го направи со Најк во 1984-тата година кога компанијата имаше финансиски обрт од помалку од 1 милион долари на годишно нив. Најки го вмешаа „летечкиот“ во нивниот дизај и дозволија вметнување на неговото лого (човекот што лета) и име во патиките кои продолжија да се продаваат и 10 години откако тој се пензионираше.

Џордан испиша историја и изгради целa империја, а Најки направија многу пари и славен бренд.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија