Магична ревитализирачка напивка
Од овој пијалок немате никаков зијан, ама ќарот е голем.
- 1 китка магдонос
- 2 лимони
- 1 лажиче рендан ѓумбир
- 500 мл вода
1. Најпрво исцедете ги лимоните. Изрендајте малку и од кората.
2. Со малку вода изблендирајте го магдоносот.
3. Додадете ги другите состојки во блендерот.
Магдоносот поседува одлични детоксицирачки способости и содржи огромни количини на витамин К, потребен за коагулација и за здрави коски. Овој пијалок е одличен за почеток на денот, а за детоксикација препорачано е да се пие во континуитет 5 дена по 100 мл.