Уштипци со икри од крап
Ако начекате во вашата рибарница не се двоумете…
- 1/2кг икри
- 1/2 рендана тиквичка
- 1 јајце
- 2 моркови
- 1 кромид
- 1 китка магдонос
- 1 лажица брашно
- природна сол
- бибер
Подготовка
1. Икрите се ослободуваат од обвивката.
2. Морковите се ренда, а кромидот се сецка на ситно.
3. Икрите убаво се мешаат со останатите состојки.
4. Се дозира со голема лажица и се пржи на загреано масло додека не добие златно-жолта боја.