Точкаџиски детал за правата ужинка

Овој фенси детал, ни фати око што ни фати, но од друга страна го објавуваме и со реална причина. Бананата од секогаш била правата велосипедска закуска, без разлика дали има или нема спортски дух во педлањето, па нема зошто да не биде вака обесена на дофат. 

 

Banana holder-от е направен од кожа, а има димензии за да собере една банана со нормална големина. Што повеќе да ви кажеме. Го најдовме тука, а чини 55 долари, машала.

Бананата е перфектната велосипедска закуска бидејќи таа делува како природен енерџи бар, содржи високи дози на калиум што се многу важни за процесите на опоравок на организмот после напорно возење. Па и кога одите на работа по сабајле, одлично е да имате на дофат за да каснете, нели.

 

 

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија