Најмакедонско макало
Вкусно макало со најмакедонски продукти. Оди како одличен додаток во зимски бургери, а се мачка и на леб (некоја поздрава варијанта) со сирење или кашкавал. Едно, до две парчиња максимум, инаку станува опасно!
- 250г бел грав (варен)
- 10-15 суви варени црвени пиперки (во овој случај лути)
- 20мл доматно пире/кечап
- 1 страк праз
- 2-3 чешниња лук
- масло
- природна сол
Пoдготовка
1. Прво се толчи лукот со ситно сецканите варени суви пиперки.
2. Потоа заедно со гравчето се толчат и мешаат.
3. Се додава кечапот и ситно сецканиот праз и се засолува по желба.
4. Се попарува со 4 лажици масло.