Брзи крекери со макало

Убав и брз домашен крекер, ароматичен и крцкав што оди супер со разни кремови, макала и домашни паштети. Ние крекерите ги измацавме со макало од кикирики и босилек. Одлична комбинација од вкусови, а и чаша квалитетно црвено вино не е на одмет.

 
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка крупна сол
  • 1 лажица  босилек
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 шолја вода
  • (за макало)
  • 200г урда (посно сирење)
  • 150г мелени несолени печени кикирики
  • 1 лажица сув босилек
  • 2-3 чешниња лук
  • бибер и сол според вкус
  • 4 лажици маслиново масло
 

Подготовка

1. Брашното, солта и босилекот се мешаат во сув сад.

2. Потоа полека им се додава водата која е веќе измешана со масло.

3. Тестото се меси се додека не се добие компактно тесто.

4. Се прави кора со дебелина не повеќе од 5 милиметри и се става во плех обложен со хартија за печење, а потоа се сечат на коцки.

5. Се печат во предходно загреана рерна околу 20тина минути на 180 степени.

Подготовка на макало со кикирики 

1. Сите состојки се мешаат заедно со мелените кикирики (има купечки но можете и самите да ги подготвите) и истолчениот лук.

2. Ние ги мешавме рачно, но можете и во блендер.