Можеш ли да го испотиш алкохолот?
Слободни денови, празници, трпези, журки, мамурлаци, пријатности и непријатности. Tешко дека нешто од ова може да се смени, но дали вежбањето и потењето може, бар малку да ни олесни?
Како делуваат физичката активност и потењето во сауна врз нивоата на алкохол во крвта и мамурлакот и дали се овие две работи добар избор доколку се бориме со „вчерашна“ глава?
Прашањево, поставено во вистински тајминг го најдовме тука, а договор дава Др. Џим Шефер, антрополог, а воедно и експерт за метаболизам на алкохол.
Тој вели вака:
- „Подигнувањето на метаболизмот преку вежбање ќе има минимални ефекти на нивоата на алкохол во крвта и тоа баш и нема да Ви помогне во трезнењето. За потењето во сауна пак, тоа не е баш добра идеја за борба против мамурлакот бидејќи најчесто ладењето е тоа што помага.“
Во принцип, човек треба да се избори со дехидратацијата која ја предизвикува алкохолот па така најдобар совет е да се пие многу вода. Вежбањето нема да помогне во надминување на тешкотиите од мамурлакот и наместо тоа подобро би било да мирувате и да оставите времето да ги поправи работите.
Сауната пак заменете ја со студена постела или прошетка на воздух кои ќе ви делуваат освежувачки.