Опоравок на плажата Ом после 23 илјади километри пат

Ново изгрејсонце во Гокарна, Индија. Само што влеговме во провинцијата на Карнатака изнајмивме една дрвена кукичка на плажата Ом. Тука нема толку многу туристи како на Гоа, така што можеме рано сабајле да бидеме сами на плажа и да вежбаме за да се вратиме во форма после долгите патувања.

Секое утро се будиме во 7, ја отвараме вратата и пред нас плажа, море и изгрејсонце кое не повикува да го истегнеме нашето тело. На плажата има само крави и рибарите кои се враќаат на обалата после фрлањето на мрежите. Физичката кондицијта после исцрпните патувања беше на ниско ниво, така што првите денови бевме поосетливи, и брзо чувствувавме умор.

Позади нас оставивме повеќе од 23.000 км поминати без одмор, посебно сето тоа се одрази со болки во грбот и колениците особено поради седечката позиција што ја имавме додека се возиме со саати, и бидејќи тежината на моторот околу е околу 200 кг и тежината на багажот околу 60 кг многу пати на неасфалтиран пат, низ пустина, песок и на планините каде што имаше многу снег не натера ние сами да го подбутнеме моторот.

Посебно заради тоа започнавме со вежби за истегнување на телото и јога позиции за да ги опуштиме напнатите места и да ги зацврстиме оние кој се запуштени. Неколку повторувања секој ден, пливање во солена вода, и добрата храна која можеме да ја најдеме на овие тропски предели, како зеленчук, природен џус и многу овошни салати кои исто така придонесуваат за нашето брзо враќање во форма за само 3-4 дена.

Исто така многу ни помагаат сесиите на мачкање со кал – мат за да се исчистиме од загаденоста што ја апсорбираше нашата кожа посебно во патувањето низ Индија, и масажи со Tiger Balm пред да заспиеме за релаксирање на мускулите, крема направена на природна база која може да се најде во секоја мала продавничка.

После тоа почнавме со поинтензивни сесии, 30 минути трчање на плажа, начин на кои ќе го започнеме денот, истегнување и јога позиции колку можеме подолго, и на крај малку аеробик вежби и вежби за мускулите со помош на пластични шишиња наполнети со песок од плажа и вода за да добијат тежина. За две недели се надеваме дека ќе се вратиме во форма и ќе можеме да продолжиме со нашето патување.

За крај сакаме да ги поздравиме и да им честитаме Нова Година и сите празници на сите фанови на www.karas4training.com и во 2014 повеќе вежбање и спорт, и да ве потсетиме дека секогаш може да не следите преку facebook: Around Gaia, или на нашата веб страна www.aroundgaia.com.

Нашето интервју за к4т