Шумскиот сегмент од „Валхала“

Еден од најпсиходеличните сегменти од скијачкиот филм базиран на 70тите е всушност комплетно органски. Сниман во дождовна шума, ова е врвот на размислувањето надвор од границите и едитинг мајсторија во сферата на скијачките филмови. 

Сегмент на урбано скијање сместен во дождовна шума е тоа што се прикажува во овој дел од филмот Валхала на Sweetgrass Production. Колко и извртено да звучи, тимот успеа да го долови овој момент во една од дождовните шуми во Чиле каде што покрај сето тоа зеленило има и малку снег кој ја потпомага работата. 

Делот е сниман во растојание од две години, во јуни 2012 и јули 2013 година каде тимот од камермани, професионални скијачи и целата продукција напорно работеше да се долови практично невозможното, скијање во една дождовна шума.

Сите елементи на кои се направени снимките се изградени со рампи за скокање и приземјување, а снегот (кој тука малку се приметува) е носен од локалниот глечер. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија