Приказни од необичниот „патник“

Го имаме Светскиот шампион од 1953 година (кој сега има 87 ипол) во трки на моторцикли со странични коли каде што тој бил патникот, човекот што го „лиже“ асфалтот во обид да пронајде еквилибриум на бесната машина и неговиот партнер. Во ова кратко маестрално историско моторциклистичко дело тој детално објаснува за духот и суштината на спортот, кој тогаш бил екстремно популарен. 

Протагонистот се вика Стен, кој после војната се одлучува да прави само едно, да вози мотори. И тука објаснува нешто повеќе за славната година, каде тој успева да се ослободи од Германецот (БМВ-ец) со тоа што на кривина го гребнува своето рамо на асфалтот и испраќа прашина и камења на противникот кој бил зад нивната шија. 

А на крајот. Филозофијата на ова маестрално типче. „Секогаш вели да, за било што!“

Одлично парче доловена историја од страна на The New York Times.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија