Летна грав салата
Хранлива салата која што може да го менува и ручекот во летните денови.
- 300г грав
- 1 зелена пиперка
- 1 црвено пиперче (луто)
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- 6-7 шери домати
- 1 морков
- куркумин
- целер и магдонос
- маслиново масло
- бибер и морска/хималајска сол по желба
- 1 лажица јаболков оцет или сок од цеден лимон
Подготовка
1. Гравчето се вари и се цеди.
2. Сите состојки се ситнат, пиперчињата поситно, морковот на ренде, а доматчињата се сечат на две половинки.
3. Потоа се додаваат останатите миродии, а на крај маслото и оцетот/лимонот.
4. Се меша пополека и се украсува со китка магдонос.