Ајвар 5ка ќе се трча и оваа година во Вашингтон и Њујорк

Обединетата македонска дијаспора и Ajvar LLC и оваа година го организираат хуманитарниот настан Ajvar 5K Run/Walk, a покрај Вашингтон ќе се трча и во Њујорк и Ан Арбоур за време на 22риот роденден на Република Македонија.

Поради зголемната популарност меѓу нашите во туѓина, Ajvar 5K run and walk ќе се одржи во Вашингтон втора година по ред, но и во Њујорк и на Анн Арбор (Ann Arbour) паралелно на 8ми септември оваа година.

Донациите собрани од трите настани ќе одат како хуманитарна помош за децата без родители, поточно на домот за деца без родители 11ти Октомври во Скопје. Организаторите исто така се надеваат дека ќе соберат помош и за домот за доенчиња и мали деца без родители во Битола.

Секој натпреварувач ќе добие тегла оригинален македонски Ајвар и маичка од настанот, а во Вашингтон ќе има и награди за најдобрите.

Трката започнува во недела на 8ми септември во 10:00 часот по локално време, а котизацијата е вкупно 27,5 долари.

Споделете ја и раширете ја оваа новост, особено доколку имате роднини и пријатели во САД. Зошто да не биде ова тригер за оформување на повеќе вакви Ајвар спортски и хуманитарни настани и на други страни од светот.

Да живее Македонија, и за многу години празникот што следи. 

Еве неколку фотографии од минатогодишниот настан (Фото: Дејан Станковски, превземено од тука)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија