Свежо од Smith Optics
Идната година на пазар треба да искочи велосипедската кацига Forefront на Smith Optics која има тотално свеж дизајн и нова патентирана „тубуларна структура“ како основа за заштита. Малку ѕиркање поблиску.
Американската компанија за оптика и заштитна спортска опрема ќе употреби нов, полесен, а воедно повеќе протективен материјал, Koroyd, кој што има патентирана „тубуларна структура“ како центар за заштита.
Тестовите покажаа дека Koroyd апсорбира 30% повеќе енергија на удар од стандардните шлемови со ESP пена, а ќе има тежина од 285 грама со што е компарабилно со одредени шлемови за road bike.
Како бонус, дизајнот нуди простор за монтирање на камера и светилка на предниот дел.
Планиран е да искочи на пазар идната година.