Активности со креда за малишаните

Се сеќавате ли на деновите кога игравме школка пред зграда и цртавме сешто со креди по плочници? Беше забавно, нели?

Местенце во соседството (плочник), пред вашата куќа, гаража, на тротоар или некое локално игралиште и креди (за асфалт/бетон) е се што ви е потребно за да ги оживеете овие спомени и да се забавувате со вашите најмали. Постојат бројни активности кои може да ги изведете со креди, а во топлите летни денови може да вклучите и вода. (Е тоа ќе биде воодушевување за децата). При играта тие ќе бидат физички активни ( развој/усовршување на координација, моторика, рамнотежа), а згора на сè, може и нешто да научат (бои, бројки, форми и сл).

Следното видео е практично демонстарција на текстот.