Фитнес на вертикала со Pole Peoplе
Кратко и слатко видео материјалче за тоа како изгледа една тренинг сесија со девојките кои практикуваат фитнес на шипка во студиото Pole People во Скопје. Позитивно, што викате?
Pole People Skopje е новоотворено студио кое се занимава со тренинзи по фитнес на шипка (pole fitness) и воедно се труди овој тип на вежбање да го доближи до луѓето како спорт, a со тоа да ги тргне и стереотипите кои владеат во однос на ваквиот тип на вежбање.
Студиото и тренинзите ги водат Цеце Котевска и Бојана Бораниева, две супер енергични девојки кои се виновни за позитивната атмосфера која владее за време на тренинзите. Активни се веќе 3 месеци, а студиото е лоцирано во Кисела Вода.
Тренизите траат 60 минути и во тоа се вклучени вежби за загревање, кардио, вежби за снага, вежби на шипка и на крај истегнување.
Еве нешто и од технички аспект: се вежба на професионални шипки од англискиот бренд X-POLE, лидери во Pole Fitness индустријата, шипките се со пречник од 45мм и 50мм и имаат опција за “static” и “spinning mode”.