Дали дупло значи дупло?

Проста математика или не баш така. Вежбам 30 минути кардио шест дена во неделата, дали покачување на вкупното време на вежбање за дупло (на 60 минути) ќе биде два пати подобро за мене?!

Во угледна студија од 2011 година, луѓе од различни возрасти кои вежбале по 15 минути на ден го намалиле ризикот од предвремена смрт за 14 проценти, но оние кои вежбале дупло подолго од ова, 30 минути, имале намалување во оваа ставка за само 4 посто повеќе.

Дуплирање на времето за вежбање, ни од далеку не значи дека се дуплираат и бенефитите од вежбањето. 

Според резултатите било пресметано дека зголемување на времето на вежбање од 50 на 120 минути дневно (140 проценти повеќе), дава само 5 проценти повеќе намалување во ризикот од предвремена смрт.

Луѓето кои џогираат 10 до 25 км неделно со средно темпо добиваат оптимални бенефити, за разлика од оние кои трчаат брзо, а не живеат сигнификантно подолго.

Според Др. Џејмс О’Кефе, кардиолог од Канзас Сити: „Иако џогирање 90 минути во неделата е очигледно несоодветно за атлета која има аспирации за златен медал во Рио 2016, можеби тоа е токму она што докторот го наредил за одредена личност која нишани да биде жива и дел од навивачката група за Олимпијадата во 2048 година.”

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија