За лесно надополнување на вашите гликогенски депоа
Спортско меснато ручече
Оваа комбинација е присутна во секое спортско мени, во сите кампуси и тренажни процеси како пред, така и по спортски натпревари кога е неопходно да се надополнат истрошените резерви со здрав и избалансиран оброк. Гратис: Само со малку фантазија имате и одлична супа од останатата вода!
- (дозата е за една порција)
- 2 средни моркови
- 2 средни компири
- 1 пашканат
- 1/2 целер
- магдонос
- 1 парче пилешко месо (изборот е ваш)
- 20-30г (2 коцки) говедско месо
- крупна морска сол и бибер по желба
- доматен сос
Подготовка
1. Сите состојки се варат, но прво се става месото, а потоа се додаваат останатите продукти.
2. Непосредно пред крај се додава сол и бибер, како и магдонос.
3. Парчињата месо и зеленчук се цедат и се редат во чинија.
4. Порцијата се прелива со проварениот доматен сос, обогатен со малку босилек.
Време на приготвување на месото е околу 1 час на тивок оган.
Зеленчукот се додава по 30 минути.