Ако можам јас, многу веројатно е дека... може секој :)
Благо “лудило” и малку Софи, како зачин за јак тренинг
Се вежба 60-70 минути, без престан. Да, буквално без престан 🙂
Почнуваме со благо “џогинг” и кик загревање во времетраење од 10 минути. Се трча и скока, и се вклучуваат основните кик елементи со раце и нозе на секоја страна по две серии од по 8.
Следува, интензивен кардио интервал:
Трчаме и правиме скок-склек комбинации во времетраење од 2 минути, кое го повторуваме два пати… Вистински шок за вашето тело…Вистински енергетски бум.
Следува, интензивен кик интервал:
Се прават комбинации од удари со раце и нозе на секоја страна пооделно во серии од по 8. Секој елемент се додава одделно, се дури комбинацијата не стигне до 8 елементи. Целата комбинација, како кореографија се повторува 8 пати.
И така на лево и на десно, а во центар чучњеви и “marine” скокови.
Следува интензивен кардио интервал:
Повторно трчаме и додаваме спринтови и склекови ииии… уфф се што е горе доле и скок 🙂
Следува интензивен кик интервал:
Повторно комбинации од удари и со раце и со нозе.
Пауза… Ма неее, нема пауза!
Следува степ дел:
Скокаме и трчаме и врз и преку степерот во времетраење од 10 минути.
Стигнавме до удари во вреќа, но само со нозе, сепак сме дами 🙂
Удари на вреќа со секоја нога по 8, повеќе различни видови.
И за крај, стомачни… вклучуваме и топки и правиме комбинација како пилоксинг, нешто меѓу пилатес и бокс… а сето тоа врз степер…Ја држиме топката меѓу нозе , за да бидат поефикасни стомачните вежби.
Тегнењеее…
Честитки и пофалби и бодрење за нареден тренинг 🙂