Динамично загревање – Маток

Ако статичното истегнување пред тренинг има негативен ефект на перформансите па дури може да биде и штетно, динамичното истегнување/загревање има потполно спротивен ефект.

Прописното загревање пред тркачкиот тренинг е од суштинско значење за успешноста на тренингот. Зголемената работа на срцето, зголемената мобилност на зглобовите, подобрена капиларна активност и пренос на кислород низ целото тело, зголемена еластичност на тетивите и лигаментите и генерално подобрена издржливост се директна последица на правилното динамично загревање.

Веројатноста да се бавите со спорт а да не го знаете сето ова е мала, но сепак и натаму еден голем дел од активните луѓе, особено на аматерско ниво, го занемарува или заборава загревањето пред тренинг. Оваа лоша навика во комбинација со статични истегнување се факторот број еден за лошо изработен тренинг во смисла на успешност како и зглемувањето на можноста за повреда.

Оттаму, постоењето на адекватна загревачка рутина која ќе го стави во функција целото тело и ум е од круцијално значење. Постојат повеќе различни методи на динамично загревање и сите тие докажано доведуваа до пораст на учинокот на што зборува и оваа студија од 2015 година.

Ние ви го претставуваме Маток методот кој е практичен, детален и кој може да се изведе било каде без дополнителна употреба на било каква опрема. Може да се изведува пред било кој тркачки тренинг по точно утврдениот редослед. Ако било која вежба од рутината ви претставува проблем или пак ви создава нелагодност и болка едноставно прескокнете ја.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија