ТРАНС-АНТАРКТИКА

Човекот против Антарктикот – еден на еден

Човекот тргнува во поход на малкуте преостанати места на земјината топка кои не се во целост истражени или пак “освоени” во самостоен поход. Почнува битката на човекот – Луис Руд за самостојно преминување на можеби најстуденото место на планетата, Антарктикот.

Антарктикот или јужниот пол на Земјата е едно од малкуте места кои се уште не биле целосно самостојно и во соло стил поминати од страна на човекот. Британскиот војник, капетанот Луис Руд ќе се обиде да влезе во историјата како прв кој успеал да помине низ целата должина на Антарктикот самостојно и тоа без апсолутно никаква помош.

Во овој свој обид тој ќе влече санка на која ќе бидат натоварени основни намирници и опрема кои би требало да издржат во наредните 75 дена колку што е планирано да трае целата експедиција. Санката ќе биде со тежина од 150 килограми и тој ќе треба да ја довлече на другиот крај на јужниот пол користејќи го исклучиво сопственото тело кое притоа ќе биде изложено на температури од -50 степени под нулата.

Капетанот Руд е само вториот човек кој тргнал на овој пат долг 1500км. Во 2016 година неговиот колега Хенри Ворсли беше првиот човек кој се обидел да го заврши ова патување но за жал во тој обид го загуби животот. Тој бил и ментор на Луис Руд во неговата прва поларна експедиција во 2011 година. Сега е негова инспирација.
Руд вели дека е оптимист но и исклучително претпазлив во неговата намера да ја “освои” т.н. Голема Бела Кралица, како што во поларната заедница се нарекува Јужниот пол.

„Ова е точно на границата за тоа што е возможно а што не. Изложени, овде сте само мала темна дамка во бескрајната белина. Ова е место кое може да ве убие за неколку минути. Доволно силниот ветер да го однесе шаторот и се е готово.”

Мисијата на Руд која е наречена „Духот на издржливоста” (Spirit of Endurance) е испирирана од капетанот Ернест Шеклтон кој ја предводел првата транс-антарктик експедидија која траела од 1914-1917. Мисијата завршила откако бродот со кој патувале заринкал во огромен леден брег и на кој целата посада останала без помош во текот на цела една година. На крајот Шеклтон успеал да ја спаси целата своја посада од 28 морнари во една од најепските спасувачки мисии во историјата.

Експедицијата на Руд е веќе почната а истата може да ја следите тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија