Интервален трениг со јаже – кратко и ефикасно

Јажето за скокање е една од најдобрите и најефективни фитнес реквизити кои постојат. За жал оваа супер практична и економична направа често е комплетно заборавена и потценета.

Прескокнувањето на јаже е една од најдобрите кардио вежби кои можете да ги изберете. Шампион е во категоријата топење калории и масни наслаги, незаменлив е во подобрувањето на моториката и координацијата на движењата и е совршена вежба која го става во погон целото тело. Згора на тоа, достапна е за секого и во многу различни тежини а можете да ја користите буквално секаде.

Тренингот со јаже е идеална замена за трчањето односно било која кардио вежба. Не само што ќе го постигнете истиот ефект туку и ќе го надминете во било која смисла. Треба ли да потсетиме дека прескокнување на јаже во период од десет минути е еквивалент на половина час трчање?

Значи, ако немате време, ако ви е здосадено од рутината на трчање, ви треба замена во летниот период, прескокнувањето на јаже е вистионскиот избор. Континуираното практикување на оваа вежба со сигурност ќе помогне во отстранување на масните наслаги, ќе го зголеми вашиот аеробен капацитет и ќе допринесе за зголемување на вашиот атлетицизам генерално.

Во продолжение ви претставуваме интервален тренинг со јаже со кој за минимално време ќе постигнете максимална корист. Тренингот трае околу петнаесетина минути и за тоа време ќе согорите 400 калории, дуплирајте го времете и доаѓате до бројката од близу 1000 калории.

Одберете јаже, најдете простор кој најмногу ви одговара и почнете со следниот тренинг:

– 30 секунди скокање во место со вообичаена брзина
– 10 секунди одмор
– 30 секунди трчање во место
– 10 секунди одмор
– 30 секунди високо подигнување на колена

По завршувањето на серијата направете пауза од една минута и повторете ја серијата 3-5 пати. Доколку сте напредни користете потешко јаже кое е и побрзо. Импровизирајте и прилагодете на вашата моментална форма.

Уживајте во тренингот!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија