Здравко Дејановиќ е во базниот камп под Кангченјунга 8586 мнв
Нашиот високогорски искачувач Здравко Дејановиќ моментално се наоѓа во базниот камп на 5143м под третиот највисок врв на светот – Кангченјунга 8586 мнв.
По искачените Еверест, К2 и Анапурна, Здравко цели кон неговиот четврт врв повисок од 8000 метри.
Нашиот тим ќе се обиде благовремено да известува за напредокот на Дејановиќ.
Му посакуваме добро време и успешно искачување!