Видео сублимат од Snow Bike Festival 2017 во Гштаад

Бидејќи возењето велосипед на суво е преценето и обично, луѓето во Швајцарија си организираат вакви фестивали за велосипедските неконформисти… А како што тргнала работата, може ова и кај нас да се проба!

Ова е трето издание на фестивалот што се одржува во Гштаад, Швајцарија од 09-22 јануари. Овој фестивал е првиот натпревар со велосипеди на снег, оваа година доби и официјална акредитација за трка од втора класа од страна на интернационалната велосипедска унија (UCI).

Победници на трката се Никола Рорбах и Кетрин Лојман.

Погледнете го видеото за да ја почувствувате атмосферата… всушност е многу кул!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија