Препорачуваме!

Лоша крв: Тајниот живот на Tour de France – Џереми Вритл

За Џереми Вритл, нема нешто поспектакуларно од Tour de France: испотени и жилави, напнати и светнати спортисти возат низ недогледните и стари Европски пејсажи, додека стотици и илјадници обожаватели се наредени од страните и навиваат.

Но дури и најголемиот обожавател може да се разбуди еден ден, со чувството дека ја изгубил надежта. Сите сакаме да веруваме во нашите херои. Затоа и Џереми се внесува себеси во велосипедизмот. Но што се случува кога не можете повеќе?

“Лоша крв” е приказна за патешествието на Џереми Вритл од најпосветен обожавател до внатрешен член на Tour de France и конфирмиран скептик. Сè се врти околу растурените пријателства и поделеноста во спортот, околу завземање страни и војната против допингот, околу алчноста и можностите за маркетинг… Работи кои го уништија Tour de France.

Оваа книга претставува дел од персонален мемоар и дел запрепастувачки информации за спортот растргнат од допинзи и скандали и треба да служи како предупредување за иднината на велосипедизмот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија