ОМЕГА Макало

Добиениот намаз е супер комбинација за здрави сендвичи ама и за со мезе. Инаку, ова е доза за два јаки омега сендвичи!

 
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици лен
  • 6 лажици посно сирење (може и урда)
  • 4 лажици јогурт
  • 4 маслинки
  • бибер и крупна морска сол по мерак
  • интегрален леб
  • крекери (опционално)
 

Подготовка

1. Сусамот се пече во тавче додека не добие златно-жолта боја.

2. Потоа сусамот се толчи заедно со ленот.

3. Сите состојки се ставаат во блендер и се пасираат, но не премногу.

4. Уживајте во вкуснoто макало!