Парис маратон 2013

Недела 08.04.2013 година, 50 000 маратонци од целиот свет го трчаа 37-от Париски маратон.

Во машка конкуренција победи Кениецот Питер Соме со време од 2:05:38 и си го поправи својот личен рекорд за цели три минути од маратонот во Фракфурт. Питер Соме минатата година победи и на брајтонскиот маратон.
Второ место беше за Тадасе Тола од Етиопија.
Трето место е Ерик Ндеим од Кенија со заостаток една секунда од вториот, а за 51 сек. од Питер Соме.
Во женска конкуренција атлетичарката Тадасе Бору од Етиопија победи со резултат од 2:21: 06 и постигна нов најдобар резултат на стазата.
Второто место го завзема Мерима Мухамед од Етиопија, а третото и припадна на кенијката Јунис Крива.

Тотален успех на маратонците од КЕНИЈА и ЕТИОПИЈА.
Науката уште долго време ќе се занимава со успесите на африканските долгопругаши, а ние можеме лесно да си ги објасниме резултатите за сега само со природата на гените.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија