Колку пари се потребни за градење убаво тело?

Многу голем фактор во градењето убаво тело се финансиите.

Без пари нема мед,а и нема и убаво тело.

Можеби не сте размислувале така но голем фактор за градење и најскап дел од градењето убаво тело е исхраната,не е членството и суплементацијата туку храната е главен и клучен фактор за градење убаво тело.

Затоа ќе направам листа која јас лично ја јадам секој ден и препорачувам лично на вас да ја јадете за убаво и здраво тело.

Листа на храна со нивни цени :

Протеини од кај ги внесувам:

1.Пилешки гради 1 кг = 190 ден,Стокомак ова ми е примарен извор на протеини.

Составот на пилешкото е сигурно некаде околу 25-30 % протеини и 3 грама масти.Почнав да го печам за да намалам на мастите.

Дневно конзумирам околу 200-300 грама пилешко или во пари тоа е 50 ден за оброк,што не е лошо споредувајќи колку треба да изедам пилешко за да конзумирам 180 грама протеин.

2.Јогурт Би Милк 44 ден/литар.

Еден јогурт цел можам да испијам пред да си легнам или рано од сабајле со овесни снегулки.

Јогуртот има 40 калории на 100 мл и има 32 грама протеин во 1 литар.Заедно со овесни снегулки и овошје се добива убав десерт што може да се јаде сабајле.

3.Протеин од сурутка

Optimum nutrition Whey gold Standard delicious strawberry во една дозерка има 24 грама протеин од сурутка.

Понекогаш правам со него протеинска палачинка или го пијам така после тренинг.

Ако ми се јаде благо јадам протеинска палачинка,ако немам што да јадам земам протеински напиток.

Типично протеините се движат од 1500-1900 ден за кг и една дозерка ќе чини околу 50-60 ден.Што значи ако користиш две дозерки ќе потрошиш 100-120 ден.

4.Соја шницли,топчиња,брашно

Иако некој ги класира како не потребни и дека имаат ГМО и се штетни за организмот,сојата во одредени количини има свои бенефити.

Тоа што е еден ефтин вид на протеин со 50% во неговата количина го прави за мене примамлив и издржлив извор за да го конзумирам не секој ден али кога немам доволно пари или сакам да сменам малку од храната.

Цената на соја шницлите кошта 100 денари за кг нагоре и се зависи како го приготвувате и што сакате да постигнете од него.Не е најквалитетниот но сепак може да го замени еден оброк во денот.

5.Урда или изварка

Урдата или изварката е добар извор на протеини кога сте на диета.

Кај нас единствена обезмастена изварка е Идеал Шипка која ретко се наоаѓа кај нас,но сепак урдата од Здравје Радово е добра замена нејзината цена е 120 ден за кг и е добра за пред легнување,зашто содржи големо количество на казеин што бавно се апсорбира.

6.Јајце

Јајцето е најдобар пријател на бодибилдингот особено белката.

Белката содржи околу 11% од својата тежина во протеини додека жолчката ги има минералите и витамините потребни за живот.

Ако прашате колку конзумира еден бодибилдер јајца на ден сигурно ќе ви рече дека од 5-10 белки дневно.

Цената на јајцата расте и стигна до 7 денари по парче што во превод за мене го прави скап извор на протеин,но бидејќи е поквалитетен од другите мора да го додадам во мојата исхрана.

Моето правило за хранење со жолчките е на секоја жолчка по 5 белки.Не се плашам од холестеролот но мастите имаат голема улога во мојот калориски дневен внес.

Опционални видови на протеини:

2-та протеински леба од Жито Лукс кој содржат од 20-25% на протеин на 100 грама.Диеталниот е поздрав но сепак ако сте на режим земете го помаранчестиот со семки ќе ви заврши голема работа за топење маснотии.

Ефтин извор на протеин/квалитет/чистота

1.Пилешко

2.Урда

3.Јајце/белки

4.Млеко/Јогурт

5.Протеин од сурутка

6.Соја

7.Протеински леб

Кога сме кај јаглехидратите секогаш има добар извор и лош извор на јаглехидрати.За мене лично добар извор на јаглехидрати се сите ниско гликемични јаглехидрати кој следат по една линија:

1.Кафеав ориз

65 ден кг (Не бел затоа што нема хранлива вредност).

Комбинирано со пилешко дава многу убав вкус.

Ако сте спремни за градење убаво тело оризот е неминовен за градење мускулатура.

Запамтете дека без јаглехидрати нема градење мускули.

2.Овесни снегулки

80 ден кг.

Овесните снегулки се едни од најдобрите извори на минерали,витамини и јаглехидрати.

Некој луѓе не ги поднесуваат но искрено ако знаеш како да ги приготвиш можеш да си направиш вкусно и неодолив доручек секој ден.

3.Интегрален лебови

Битно е да има многу диетални влакна.Цените на овие продукти се скапи и се движат 120 ден за кг.

Затоа мене најдобар извор ми е кафеавиот ориз.

Не е прескапо а можам да го јадам со денови .Единствена мана е што не можеш да се наситиш од било каков леб,па затоа препорачувам да јадете од ржаниот зашто има највеќе диетални влакна.

4.Леќа,грав,грашок

Мешунките се ниско гликемични јаглехидрати кои даваат енергија која трае и ве заситуваат доволно многу да издржите без храна 3-5 часа.

Плус се богат извор на протеини,диетални влакна,минерали,витамини и антиоксиданси што го подобруваат вашето здравје.

Цените се движат од 90 ден кг за леќата па до 250 ден за црн грав.

5.Тестенини интегрални и булгур

Освен што имаат ист вкус како обичните тестенини,тие се поздрава алтернатива од обичните тестенини.

Причина за тоа е затоа што се правени од интегрално брашно и повеќе витамини и минерали за истите пари како обичните тестенини.

Цена на нив од 90-100 ден за 1 кг.

6.Зеленчук

Во било каква состојба замрзнат или свеж.

Зеленчукот е скап да и не дава многу енергија но сепак е прилично добар кога сакате да намалите на вкупниот внес на калории за денот

.Плус содржат многу антиоксиданси,витамини и минерали потребни за нормална функција.

Сега актуелно е зимницата и зелката која се продава за 20 ден/кг и една зелка трае 2 дена.

Што да речеме за 30 ден по еден ден не е лоша инвестиција нели.

Мастите се едни од најозборуваните работи кога се работи за исхраната,многу луѓе ги избегнуваат затоа што содржат повеќе енергија од јаглехидратите и протеините,но без нив храната не може да се апсорбира како што треба и нема никогаш да се чувстуваш сит ако не додадеш протеин/масти врз одредена храна.

Плус мастите се потребни за севкупното одржување на одредени метаболички процеси и затоа потребно е да внесуваме одредено количество на есенцијални масни киселини омега3 и 6.

За да не должам многу еве една листа на храни богати со есенцијални масни киселини:

1.Масло од репка

80 ден/литар.

Ова е новиот хит кога се работи за здрава храна.Добро е за пржење масло и има големи бенефити како многу високо ниво на моно-заситени масни киселини,малку заситени масни киселини и добро количество на омега 3 и омега 6 масни киселини.

Како цена квалитет го ставам на врвот за здравје и за градење масни киселини.

2.Маслиново масло

Сите сме чуле за златото од меридијанот и за неговите полезни дејства.Содржи големо количество на моно-заситени масни киселини кој не се претвараат во транс масти,омега 6 и 9 масни киселини и скоро минимално количество на омега 3.

Ставете го во салати и уживајте во вкусот на меридијанот.

3.Ленено семе

Едно од најдобрите семки кој во неговата содржина содржи 60% од омега 3 масни киселини во неговиот состав.

Исто така содржи добро количество на протеини и јаглехидрати.

Како семка е богата исто така и со диетални влакна и е погодна за low carb рецепти.

Може да го замени јајцето во одредени рецепти и служи за добивање на лешников вкус на храната за 1/3 од цената на вистинскиот лешник.

Дури и поздраво .

4.Жолчки

И ако ме прашате зашто ја додавам жолчката во мојата исхрана,одговорот на тоа прашање е во нејзината хранлива вредност.

Освен што содржи масти и холестерол кој се потребни за градење тестостерон(анаболичен хормон) има и други минерали,витамини и антиоксиданси што ја прават жолчката дел од мојата исхрана.

Таа е хранлива бомба и ако се користи правилно може да биде добра за градење убаво тело.

Додатни масти со полезно дејство:

1.Кокосово масло

2.Масло од кикирики

3.Путер и свинска маст

4.Рибино масло

Суплементација

Кога збориме за суплементација не експериментирам многу тоа се 3 суплементации моментално

1.Мултивитамин 180 ден 30 апчиња

2.Протеин од сурутка 5000 ден 4.5 кг од интернет

3.Креатин 720-800 ден пола кг.

Се на се кога ќе направиш сметка за сите работи се трошат 150-200 денари дневно што не е лошо во споредба со еден Чикен сендвич во сендвичарите или било каде што очигледно не е здраво ем не те најадува.Кога ќе прерачунаш за убаво тело ти требаат минимум 4500-7000 денари и ова е скап спорт но бенефициите го прават своето.Ако сакаш да ризикуваш и да изгледаш убаво нема нешто подобро од билдингот.И ако некој ти рече дека не правиш спорт и дека билдингот не е спорт,речи им барем јас правам нешто убаво за мене вие што правите седите дома и гледате ТВ и на фејсбук дремете.Бидлингот е начин на живот и своја филозофија и ќе остане така се дур не се освестиме дека само активноста е единствениот начин да останеме здрави.