Роналдинка на паркет

Женскиот футсал во Европа зема се поголем замав кај помладите генерации кои активно рекреираат и се натпреваруваат во овој спорт.

Феноменалната Рита Мартинс која во моментов ги брани боите на португалска Бенфика покажа дека знае да ја совлада фудбалската мајсторија исто како и нејзините идоли од посилниот пол. На домашен паркет во првенствен меч Рита ги остави без здив присутните во салата кои долго ќе го паметата овој потег.

Во разговор со новинарите Рита призна дека посакува еден ден да биде позната спортистка која ќе помогне во охрабрувањето на младите девојки да се занимаваат со спорт.

На нејзиниот профил на Facebook честопати знае да постира статус во кој ги повикува сите млади девојки да го земат нејзиниот пример за здрав живот благодарение на спортот.

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија