Стојоски истрча нов државен рекорд на 200м

Срушен е еден од најстарите атлетски рекорди на Македонија.

Атлетичарот Јован Стојоски е новиот државен рекордер на 200м. Тој делницата ја помина со победничко време од 21:40 секунди што е за 25 стотинки побрзо од сега веќе стариот рекорд на Ристе Пандев кој пак беше поставен во далечната 1994 година во Нојшател.

Новиот државен рекорд беше поставен на контролен митинг за сениори како дел од Купот на Белград за Јуниори. Покрај победата 200м, Стојоски победи и на трката на 400м во склоп на истиот митинг. Двете победи на Стојоски значат потврда на добрата форма и изборена норма за Европското првенство во Париз.

Погледнете ја трката на 200м на која нашиот атлетичар доминираше.
https://youtu.be/eypughUckuo autoplay:0

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија