„Пехчево на точак” по втор пат оваа година

Оваа година хотелот Гогов по втор пат го организира спортскиот настан „Пехчево на точак”, а годинава покрај велосипедската тура, настанот беше проширен со офф-роуд џип тура и со планинарска тура.

Планинарите одеа по патека до врвот Орловец на планината Буковик околу 18 км, велосипедистите возеа по патека до бачилото, под врвот Кадиица околу 28 км, а џиповите тргнаа на друга страна, према местото Равна река и возеа во близина на местото Ченгино кале по пат околу 50 км.

Почетокот на сите беше од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. На џип турата учество земаа околу 80 џипови, 60 велосипедисти возеа по прекрасните патеки во околината на Пехчево и врвот Кадиица а присутни беа 40 планинари. 

Дел од учесниците беше и Амбасадорот на Словачка кој ја возеше велосипедската тура и заменик амбасадорот кој беше со планинарите.

Вкупно учесници и други гости кои беа на настанот во Пехчево, имаше околу 400 лица.

Настанот помина со прекрасни впечатоци на учесниците, во најдобар ред и исполнета цел – “да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата” – изјавија организаторите. 

Успешно реализираниот настан, во попладневните часови го одбележавме со забава пред кафе бар КИМ, коктел за учесниците и музика во живо

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија