На Проклетије оперира хеликоптер за скијање – Хелиски Албанија

Од оваа сезона во недопрените диви делови на Проклетије компанијата ХелиСки Албанија започна да нуди туристички услуги со скијање од хеликоптер. 

Балканот и недопрените планински масиви во последно време стануваат се поатрактивна дестинација за многу скијачи ширум светот но и за екипи кои сакаат да отворат бизнис во туристичката индустрија со скијање на различни начини. Пред неколку години меѓу првите локации во Европа каде се нудеше скијање со ратрак беше Шар Планина, а набргу се отворија и други локации.

Од оваа сезона во дивите предели на Проклетије веќе оперира и хеликоптер кој ги нуди услугите за екстремно фрирајд скијање на овие врвови. Таканаречените Албански Алпи во некои делови со нивната екстремно изразена топографија нудат локации со висински пад до 1600 метри – во долините на Валбона, Гребаја и Ропојана.

Тимот кој стои позади оваа операција е составен од неколку Словенци и Италијанец кои се ИФМГА сертифицирани алпски водичи, а летањето го изведува Viva helicopters од Германија.

Пакетите им се базирани врз Hobbs метар – односно се мерат часовите во летање од подигнувањето на групата до носењето на местото на скијање. Класичниот пакет нуди 4 Хобс часа за група од 4 луѓе + еден водич распоредени во една седмица во која е покриено и престокување во полн пансион. Постојат и други опции за приватно изнајмување кои се доста солени.

Подолу следи едно видео за Проклетије направено од Тетон Гравити Рисрч.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија