Најдобрите во македонскиот фудбал 2015/16 – Видео

На 15.12.2016 во организација на Фудбалската Федерација на Македонија во театарот МНТ се одржа традиционалната манифестација „Најдобрите во македонскиот фудбал” за сезоната 2015/16. Погледнете дел од одличната атмосфера во која беа доделени наградите за најдобрите играчи, клубови, фудбалски работници како и Специјалното признание за младата фудбалска репрезентација до 21 година кои за прв пат во нашата историја успеаа да се пласираат на Европско Првенство. 

Сите награди за сезоната 2015/16

Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар репрезент на мак-фудбалот: Илија Несторовски (Палермо)
Најдобар тренер: Благоја Милевски (Македонска репрезентација до 21 година)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Специјално признание: Македонска репрезентација за играчи до 21 година
Најдобар стрелец кај дамите: Афродита Салихи (Драгон 2014)
Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (Драгон 2014)
Најдобар тренер во женскиот фудбал: Илија Мандаров (Драгон 2014)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобар фудбалер во младинска категорија: Елиф Елмас (Работнички)
Најдобар клуб во младински фудбал: Вардар
Најдобар тренер во младински фудбал: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (Железарец)
Најдобар тренер: Иван Божовиќ (Железарец)
Најдобар фудбалски работник: Сергеј Самсоненко (Вардар)
Најдобар судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)
Награда за фер-плеј: Хоризонт Турново

Награда за животно дело: Љубисав Иванов Ѕинго

Дополнително за манифестацијата информирајте се ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија