Макалото на Крали Марко

Тајниот суплемент на нашиот пријател, точкаџијата Касандар Македонски, со благодарност и почит за рецептот.

 
  • 500 грама компир
  • 10-15 сушени пиперки
  • 150 грама ореви
  • 1 главица лук
  • сол
  • масло за јадење
 

1. Лукот и оревите со едно лажиче сол интензивно се толчат.

2. Компирите и сувите пиперки се варат претходно, се лупат и се додаваат во толчникот со останатите состојки.

3. Се досолува според вкус и се прелева со врело масло.